сабота, 4 април 2026

Нови пожари низ Македонија, активни се седум, еден е ставен под контрола

Попладнево изби пожар на отворено во атарот на село Будинарци, беровско, информира директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов. Според него, за да се спречи ширење на пожарот во борова шума, како воздушна поддршка е испратен еден полициски хеликоптер Ми 171.

Објавено на

часот

Сподели

„На земја гаснат беровските пожарникари со подршка на екипа од Национални шуми“, наведува Ангелов.

Тој исто така соопшти дека попладнево избија неколку нови пожари и сега активни се седум.

Моментално има 7 активни пожари и тоа во Општина Берово, село Будинарци, каде дејствува еден полициски хеликоптер, Општина Старо Нагоричане, село Ругинце, Општина Сарај, село Арнакија каде дејствуваа 2 хеликоптери, Општина Долнени, кај селата Долгаец и Маргари каде што гори шума, Општина Кочани, на Осоговските планини, во атарот на селото Главовица, активен е и пожарот кај ловиштето Јасен над селото Тажево кај таканаречениот разделник и во Општина Македонски Брод, кај селата Русјаци и Латово.

Пожарот од Криволак кон реката Брегалница кај селото Црешка е ставен под контрола, останати се уште две жешки точки.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ