„Апелираме до граѓаните да не наседнуваат на ваквите измами“, порачуваат од МВР, посочувајќи дека Секторот за компјутерски криминал веќе презема мерки за идентификација и законско санкционирање на сторителите.
Од Секторот додаваат и важни препораки за заштита: „Граѓаните и правните субјекти не треба да отвораат прикачени документи кои доаѓаат од непознати или неверификувани испраќачи, ниту да одговараат на сомнителни пораки“.
Освен тоа, се препорачува компаниите да преземат соодветни мерки за заштита на своите компјутерски системи од потенцијален малициозен софтвер, во согласност со нивните интерни политики за сајбер безбедност.