Од фејсбук-профилот на Ел Чека се сугерира дека станува збор за гласот на Дехари кој ја повикува вработената да дојде до него, да му седне во скутот, а се слуша нешто како бакнеж. Според разговорот, експлицитни се сексуалните алузии во разговорот меѓу Дехари и неговата вработена.
Засега се познати само овие информации. Се чека на официјалните информации на засегнатите и на надлежните за тоа кој е Ел Чека и неговиот вистински идентитет.
Пред шест години од истиот профил Ел Чека беа објавени десетици бомби од кои можеше да се слушнат бројни инкриминирачки работи за членовите на владејачката ДУИ и за Дехари. Тогаш Основното јавно обвинителство во Кичево поднесе обвинение против Шеќерим Ахмети.
Во една од снимките се сугерираше дека тогашните министри Бујар Османи и Садула Дураки помагаат да се прикрие убиство. Тогашниот премиер Зоран Заев во изјава за медиумите тврдеше дека бомбите не излегле од архивите на СДСМ.






