Според досегашните информации, приведени се Т.Д., началник на криминалистичка полиција, Д.П., сменоводител ноќта кога се случи несреќата, М.М., началник на ОВР Кочани К.Ј., началник на одделот за економски криминал при ПС Кочани и М.Р., полицаец кој бил на смена вечерта на несреќата.
Истражните органи продолжуваат со постапката, а повеќе детали се очекуваат утре.
Претходно МВР звести дека поднеле три кривични пријави за различни временски периоди.
Првата кривична пријава се однесува во временски период од 2022 до 2024 година вкупно против седум лица, од кој пет се активни полициски службеници и двајца се пензионери. Втората кривична пријава се однесува во временски период од 2012 до 2022 година вкупно против 10 лица од кои (двајца службени лица се повторуваат) четворица се активни полициски службеници и шест се пензионери. Третата кривична пријава се однесува во временски период од 2023 до 2024 година вкупно против тројца полициски службеници од кој еден полициски службеник се повторува.
Во несреќата која се случи на 16 март 2025 година во кочанската нелегална дискотека Пулс животот го загубија 62 лица, а повеќе од 200 беа повредени. Повеќето од загинатите се млади луѓе, а неколкумина од нив беа и малолетници.