Новозаболените се пријавени од 20 ЦЈЗ/ПЕ, Скопје – 198, Тетово – 67, Гостивар – 51, а во останатите, бројот на заболени е помал или еднаков на педесет.
Во текот на оваа недела, во девет извештајни единици се регистрира многу ниска, во 10 – сезонска, а во Македонски Брод – средна активност на вирусот на грип.
Во сезоната 2024/2025, вкупниот број на случаи на грип – заболувања слични на грипот изнесува 25.011, покажуваат податоците на Институтот.
Во споредба со истиот период од минатата сезона, бројот на пријавени случаи е зголемен за 72,6 отсто, а во однос на моделот од последните 14 сезони, се регистрира зголемување од 22,7 проценти. Кумулативно, заболените се пријавени од дваесет и девет ЦЈЗ/ПЕ. Најголем број на заболени лица се регистрира на територијата на Скопје, додека највисока кумулативна инциденца е регистрирана на територијата на Дебар.
Заклучно со 13. недела, во државава вакцинирани се вкупно 72.294 лица со бесплатна или комерцијална вакцина против грип.