Според истрагата на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), Стафа примил 50.000 евра за да влијае за предмет кај судија од Апелацискиот суд Скопје. Целта била да се издејствува поповолна мерка за неговиот клиент Љупчо Пецов – Ѓаволот, кој е еден од главните осомничени во акцијата „Синџир“ за даночно затајување од осум милиони евра.
„Непосредно по примањето на парите, осомничениот бил лишен од слобода, при што кај него се пронајдени паричните средства“, соопштија претходно од Обвинителството.
Инаку, додека Стафа е во притвор, неговиот клиент Пецов, кој претходно беше во бегство, сам се предаде и во моментов е во куќен притвор поради нарушено здравје.






