Како еден од сопствениците на ЦБД Медплант, фигурира Христијан Котев, меѓутоа во бизнис-политичките кругови за реален сопственик се смета неговиот татко, Тони Котев. Според одредени сознанија, Тони Котев, со прекар М’гцев е поранешен претседател на огранокот на СДСМ во НОво Село и низ годините имал повеќе бизнис-релации со Вице Заев.

Ова е втора поголема заплена на марихуана во рок од три дена. Завчера, во акција во фирмата Алфа Фарм ДОО Скопје, во кругот на поранешната фабрика ОХИС беа запленети 27 тони марихуана. Акциите се сороведуваат поради сомнеж дека десетици тони марихуана се чувале надвор од законските протоколи.
Во Македонија, актуелно има издадено шеесетина лиценци и 43 компании работат со одгледување и преработка на канабис за медицински цели.






