„Новиот веб-сајт има за цел да им овозможи на граѓаните подобра и поефикасна информираност за услугите на Јавното сообраќајно претпријатие. Клучни предности на новиот веб-сајт: модерен, адаптивен дизајн, интуитивна навигација, пристап до клучни информации, оодобрени перформанси и брзина и кориснички ориентирана содржина“, се вели во соопштението од ЈСП Скопје.
Веб-сајтот е достапен на македонски, албански и англиски јазик и овозможува инклузивен пристап и подобра информираност за сите граѓани и гости на градот.
А од утре ќе бидат воведени две нови автобуски линии за потребите на „Саемот на книгата“.
За полесен пристап на посетителите на 37. Меѓународен саем на книгата, од утре до 14 мај во редовниот линиски превоз ќе бидат вклучени две автобуски линии 100 и 200. Првата ќе поаѓа од Ново Лисиче, а другата од Дексион.
Билетите за нивно користење ќе чинат согласно со ценовникот за користење на јавен превоз.
Возниот ред на линијата 100 ќе биде од Ново Лисиче до спортискиот центар (СЦ) Борис Трајковски. Од Ново Лисиче ќе поаѓа во 11 12:20, 13:40, 15, 16:20 и 17:40 часот, а од СЦ „Борис Трајковски во 11:40, 13, 14:20, 15:40, 17 и 18:20 часот.
Траса на движење од улица „Февруарски поход“, булевар „В.Смилевски Бато“, булевар „Јане Сандански“, булевар „К.Јосифовски Питу“, булевар „Кочо Рацин“, улица „11 Октомври“, улица „Димитрие Чуповски“, булевар „Св. Климент Охридски“, булевар „Партизански одреди“, улица „Бледски договор“, СЦ „Борис Трајковски“ и обратно по истата траса.
Возниот ред на линијата 200 ќе биде од Дексион до СЦ Борис Трајковски. Од Дексион ќе поаѓа во 11:20, 12:40, 14, 15:20, 16:40 и 18 часот, а од СЦ „Борис Трајковски во 12, 13:20, 14:40, 16, 17:20 и 18:40 часот.
Траса на движење од улица „Црногорска“, улица „Кузман Шапкарев“, улица „Ѓорче Петров“, булевар „Партизански одреди“, улица „Бледски договор“, СЦ „Борис Трајковски“ и обратно по истата траса.