Како што дознаваме, швајцарското возило во кое била марихуаната, било качено на македонско шлеп возило кое имало и претходница чистач на патот. Се работи за организирана криминална група која делува на територијата на Македонија и соседните земји.

Овој месец ова е втора голема полициска акција на македонската полицијата. Во почетокот на јануари бил спречен канал на транспорт на недозволена трговија со дрога, кога беа откриени 10 килограми кокаин во специјално направен бункер во возило.






