петок, 9 мај 2025

Нова полициска акција, се претресуваат канцеларии на доктори, адвокати, членови на комисии во ПИОМ…

Во повеќе градови во Македонија во тек е голема полициска акција за сузбивање на организиран криминал и корупција во здравствениот систем. Како што дознаваме од извори од МВР се работи за долгогодишно незаконско прикажување на лажни дијагнози со кои се овозможувале апликации за добивање и користење на финансиска помош за туѓа нега на лице и за незаконско стекнување и користење на инвалидски пензии.

Објавено на

часот

Сподели

Во мрежата се вмешани околу 50 лица, доктори, членови на комисија во ПИОМ, адвокат, вешто лице, управител на консултантско биро. Во тек се претреси во  здравствени ординации, адвокатска канцеларија, канцеларии на доктори од клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје, од клиничката болница Тетово и ЈЗУ Општа болница Велес…
Како што дознаваме, против 49 лица се поднесени кривични пријави со основано сомнение за сторени кривични дела и тоа злосторничко здружување, злоупотреба на службената положба и овластување, помагање, примење поткуп, давање поткуп, примање награда за противзаконито влијание и давање награда.

 

Од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ја потврдија информацијата и велат дека заедно со МВР спроведува координирана акција на повеќе локации низ државата.

„Станува збор за основано сомнение за сторени повеќе кривични дела со кои е сторена штета на Фондот за здравство. Со оглед на обемот на акцијата повеќе информации ќе бидат споделени по нејзиното завршувањ“, велат од ОЈО ГОКК.

Во рамките на акцијата се спроведуваат претреси на вкупно 21 локација од кои 15 се на домашни адреси на осомничените службени лица.

Повеќе информации во текот на денот.
А.Д.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ