понеделник, 8 декември 2025

Нова поделба меѓу пензионерите: Претставници од Здружението на пензионери се оградија од членовите кои се приклонија кон партиии

Претставници од Здружението на пензионери на Македонија од 10-тина градови денеска во Прилеп се оградија од оние членови кои решиле да се придружат кон некоја од политичките партии.

Фото: Архива

Објавено на

часот

Сподели

Како што изјави Верче Јанческа од иницијативниот одбор на Здружението кое е претставник на членови од 43 градови, не ги интересира ниту една партија, туку само интересите на пензионерите.

„Ние излеговме како здружение на пензионери кои ги остварија своите барања за зголемување на пензиите за 5000 денари. Ние не излеговме како партија. Ние сме Здружение и не нѐ интересира ниту една партија. Се оградуваме од пензионерите кои решиле да се приклонат кон некоја партија, па макар и да е партија на пензионери. Ќе продолжиме да работиме како Здружение за да ги остваруваме интересите и правата на пензионерите“, изјави Јанческа на денешната прес-конференција во Прилеп.

Во Македонија има околу 356.000 пензионери. Од 43 градови, 75 проценти од членовите го поддржале Здружението.

Здружението има предложено нов предлог закон за пензионерите и е доставен до пратениците и министерствата.

„Предлог-законот што го изготвивме ги решава сите проблеми за пензионерите и ќе значи дистанцирање од политичко влијание“, рече Делчо Максимоски од Охрид, портпарол на иницијативниот одбор на Здружението на пензионери на Македонија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ