понеделник, 22 декември 2025

Нова опрема за скопските средни училишта

Влогот во образованието е влог во иднината. Горд сум кога резултатите од нашиот труд  за кратко време се веќе видливи, што ни дава уште поголем мотив да продолжиме посилно и поодлучно. Денес сме во посета на средните училишта во Скопје, каде што сите ги опремивме со нови клупи и столчиња, достоинствени услови за учење и работа, напиша попладнево на војот фејбук-профил градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски по денешната посета на скопските средни училишта.

Објавено на

часот

Сподели

Ѓорѓиевски денесka беше во посета на средните училишта во Скопје, каде што изврши увид во новата опрема и подобрените услови за настава и работа. Oд Градот Скопје велат дека интензивно работат на унапредување на условите во средното образование, со конкретни и видливи резултати за краток временски период. Посветеноста кон создавање современи, безбедни и достоинствени услови за учење и работа во училиштата претставува еден од клучните приоритети на локалната самоуправа, со јасна цел квалитетно образование и подобра иднина за младите, соопшти Град Скопје.
„Обезбедивме и прочистувачи на воздух, преносни компјутери, десктоп компјутери, нови и модерни интерактивни табли, како и смарт панели кои овозможуваат современа, динамична и квалитетна настава, во чекор со времето и потребите на младите.
Со целосна одговорност можам да кажам дека ова е најголемата набавка за средното образование досега, што јасно говори за нашата силна посветеност кон поквалитетно образование.
Модернизацијата и осовременувањето на наставните средства продолжува и понатаму, системски и плански.
Во фокусот е и реконструкцијата на спортските терени, проект кој веќе е во тек, затоа што сакаме да ја поттикнеме физичката активност и да градиме здрави животни навики кај младите од најрана возраст.
Дополнително, сите средни училишта во Град Скопје ќе добијат и фотоволтаици, што е сериозна и одговорна мерка која ќе значи намалување на трошоците за електрична енергија, но и директен придонес во заштитата на животната средина.
Сето ова е насочено кон унапредување на севкупната опременост, квалитетот и комфорот во училиштата, како силен стимул за развој на потенцијалот кај младите.
Ова е само дел од нашата визија за модерно образование.  Продолжуваме понатаму, со дела, а не со зборови“, напиша Ѓорѓиевски.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ