петок, 3 април 2026

Нова мобилна апликација на Прокредит банка во рамки на кампањата „Таму кај што си“

Прокредит Банка вчера официјално ја претстави новата мобилна апликација, со која дополнително го унапредува корисничкото искуство и ги поедноставува банкарските услуги за физички и правни лица. Станува збор за модерно дигитално решение што ги доближува услугите до постојните и новите клиенти, без да се изгуби важноста на човечкиот пристап и поддршка, спакувано под кампањата „Таму кај што си“.

 

Објавено на

часот

Сподели

Кампањата го носи името по истоимениот евергрин на Ристо Самарџиев, преку кој Проkредит банка ја отсликува близината, уникатноста и човечкиот пристап кои доаѓаат во форма на услуги преку новото дигитално решение. Новата мобилна апликација има за цел да ја промени перцепцијата дека банкарските процеси се бавни и достапни исклучиво на традиционален начин. Со Проkредит и нивната визија, дигиталното банкарство е сè подостапно, а показател за тоа е новото решение во облик на мобилна апликација. Апликацијата е дизајнирана да ги сруши ограничувањата на традиционалното банкарство, нудејќи им на корисниците слобода да ги управуваат своите финансии брзо, сигурно и во секое време преку лесен и едноставен пристап до услугите на банката.

Стевче Кузмановски, член на Управен одбор во Прокредит банка

„Низ годините научивме една едноставна работа – клиентите не сакаат компликации, туку услуги што се лесни и достапни. Тие не сакаат да чекаат и да се прилагодуваат на банката, туку банката да се прилагоди на нивниот живот – да имаат повеќе време за живот, а помалку време за во банка.

Водени од потребите на клиентите и нашата визија, дојдовме до новата мобилна апликација како одговор на реални ситуации, кога немате време и сакате работите да ги завршите веднаш, таму каде што сте. Денеска, сметка се отвора без филијала, картичка се добива веднаш, а трансферите се реализираат во секундa.

Суштината не е само во функционалностите, туку во слободата што ја добива клиентот – да управува со своите финансии кога сака и каде што се наоѓа. Затоа со оваа апликација го означуваме стартот на уште полесниот пристап до банкарските услуги преку кампањата „Таму кај што си“, изјави Стевче Кузмановски, член на Управниот одбор во Прокредит банка.

Пред медиумите беа претставени клучните функционалности на апликацијата, дизајнирани за секојдневна употреба. Меѓу нив се брза и безбедна најава (со PIN, FaceID или отпечаток од прст), веднаш достапна картичка и брзи трансфери со Send to Friend. Апликацијата овозможува и едноставно управување со заштеди и валути, како и сигурна контрола на профилот и картичките директно преку мобилен телефон.

Марина Ѓурѓовска Аџиовска, директор на сектор за физички лица во Проkредит банка

„Кога ја развивавме апликацијата, имавме една јасна цел – клиентот да не размислува како да ја користи, туку едноставно да си ја заврши работата. Затоа се фокусиравме на помалку чекори, јасен преглед и чувство дека сè што ви треба е на едно место.

Денес, со една апликација можете да ги следите сите ваши сметки, да управувате со картички, да правите плаќања или да отворите штедење – без одење во банка и без дополнителни апликации. Сè е поставено логично, за да функционира брзо и без непотребни компликации. За нас, доброто дигитално решение е она што ви заштедува време и ви дава сигурност дека можете да ги завршите работите кога вам ви одговара, без прекини во вашето секојдневие“, изјави Марина Ѓурѓовска Аџиовска, директор на секторот за физички лица во Прокредит банка

Хибридниот модел на Прокредит банка покажува дека дигиталните решенија и човечкиот пристап можат беспрекорно да се надополнуваат. Кампањата „Таму кај што си“ продолжува во неколку фази – со едукативни содржини, соработки со креатори и понуди прилагодени на клиентите, со цел иновациите да се доближат до пошироката јавност.

За повеќе информации и за преземање на новата апликација, посетете ја официјалната веб-страница на Прокредит банка, а за сите новитети следете ги профилите на банката на Facebook, Instagram и LinkedIn.

Комерцијален текст

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ