сабота, 3 мај 2025

Нова формула за пресметка на потрошувачката кошничка

Просечната потрошувачка кошничка е готова, се финализираат уште некои работи. Во неа сигурно нема да има цигари и алкохол и сезонско овошје кое не е карактеристично за периодот од годината, ќе биде квалитетно направена со квалитети податоци, рече заменик министерот за економија и труд Марјан Ристески вечерва за ТВ Телма.

Објавено на

часот

Сподели

Според Ристески, кошницата нема да биде за политиканство, туку за понатамошните политики за заштита на животниот стандард на граѓаните.

„Во нејзината изработка беа вклучени министерствата за економија и труд, за земјоделство, за финансии, Државниот пазарен инспекторат и Комисијата за заштита на конкуренција со цел да добиеме поквалитетна просечна синдикална кошничка. Просечната синдикална кошница нема да биде ниту за политика и политикантсво, ниту за јавното мислење кај граѓаните. Без грешни параметри кои би се кажувале во јавноста. Ова ни треба за понатамошните политики кои би ги правеле во однос на заштита на животниот стандард на граѓаните. Не ја пресметуваме за четиричлено македонско просечно семејство. Според Државниот завод за статистика просечното семејство во Македонија брои 3,06 или 3,08 членови. Земени се податоци за основни прехранбени земјоделски производи и сѐ што е потребно и вклучено во одржување на животниот стандард на граѓаните и реално пресметување на тие реални потреби кои произлегуават во секојдневното живеење“, рече Ристески.

Тој информираше дека во формулата за кошницата земени се модалитетите од Државниот завод за статистика и Државниот пазарен инспекторат од повеќе маркети во државава со највисоки, средни и најниски цени, а ќе бидат земени цени и од зелените пазари и локални маркети во регионите. Наспроти тоа, според него, синдикатите ја пресметувале минималната синдикална кошница само од цени на еден маркет, а последната кошничка не ја објавиле „не како што образложиле поради актуелната ситуација со трагедијата во Кочани, туку поради многу други причини“.

„Од она што го имаме како информација, неформална, сигурно е над 1.000 денари намалувањето, можеби и повеќе 1.500, 1.600 денари. За некого е тоа многу, за некого малку, но ние не се базираме на нивната синдикална кошница. Тие и понатака нека си ја прават, не е релевантен фактор таа, тие се синдикално движење, нивната цел е да прикажуваат повисока кошница со цел да ја оправдаат борбата и политиката. Тоа е легитимно право. Нашата кошничка ќе биде реална“, рече Ристески.

Тој оцени и дека има ефект од антикризните мерки што завршуваат на крајот на месецов и истакна дека е намалена инфлацијата, направени се законски измени во делот на прекршочната постапка со кои Државниот пазарен инспекторат изрекол 500 до 600 казни. Посочи и дека се применува Законот за забрана на нефер трговски практики.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ