недела, 28 декември 2025

Нова „фишинг“ измама, лажна веб страница на Фондот за здравство

Фондот за здравствено осигурување на Македонија (ФЗОМ) ги известува граѓаните за сериозна фишинг измама која се одвива преку лажна веб-страница со адреса fzom.net. Оваа веб-страница се претставува како официјална страница на ФЗОМ (fzo.org.mk) и има за цел да им украде лични и финансиски податоци на граѓаните.

Објавено на

часот

Сподели

Измамниците преку fzom.net се обидуваат да ги измамат граѓаните да ги внесат своите: Лични податоци (име, презиме, матичен број, адреса); податоци за здравствено осигурување; податоци за банкарски сметки и кредитни картички и кориснички имиња и лозинки.

ФЗОМ ги предупредува граѓаните да не ги внесуваат своите лични податоци на веб-страницата fzom.net. Официјалната веб-страница на Фондот е исклучиво fzo.org.mk.

Од ФЗОМ препорачуваат: проверете ја внимателно веб-адресата пред да внесете какви било лични податоци; nе кликајте на линкови од сомнителни е-пошти или пораки; nе споделувајте ги вашите кориснички имиња и лозинки со никого; pријавете ги сите сомнителни активности на ФЗОМ или во најблиската полициска станица; oфицијалната веб странica на ФЗОМ никогаш нема да побара од вас внесување на банкарски податоци.

ФЗОМ веќе презема мерки за да ја блокира оваа лажна веб-страница и да ги заштити граѓаните. Фондот соработува со надлежните органи за да ги идентификува и да ги казни сторителите на оваа измама.

За дополнителни информации и за пријавување сомнителни активности, граѓаните можат да се обратат на: oфицијалната веб-страница на ФЗОМ: fzo.org.mkч на телефонскиот број на ФЗОМ 02 3289 000 или е-пошта: [email protected].

ФЗОМ апелира до граѓаните да бидат внимателни и да ги заштитат своите лични податоци од ваквите измами.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ