Изграден според најсовремените стандарди, Nabizi Retail Park претставува модерен концепт кој обединува 85.000 м² површина, 1.000 паркинг места и 40.000 м² деловен и логистички простор, со што станува најголемиот ритејл парк (retail park) во земјата.
Тука ќе функционираат најдобрите интернационални и домашни брендови
како: SUPER KIT-GO, JYSK, NEPTUN, NEW YORKER, LC WAIKIKI, SINSAY, INTERSPORT, SPORT M, TUDORS, TOP SHOP, METRO, OFFICE PLUS, SCHÄTZE, DUKI DASO, MY TIME, SARA FASHION, KOM, VIA FARM, GETALDUS, MAKEDONIJA OSIGURUVANJE, ENSAR GOLD, ATELIER ARTBAL EXCHANGE, како и PROCREDIT BANK и KOMERCIJALNA BANKA, кои ќе нудат услуги 24/7.
Покрај големиот број продавници и брендови, комплексот опфаќа и: бензинска пумпа со мини маркет, кафетерии, ресторани за брза храна KFC и KING со услуги Drive Thru и
Delivery, најголемата детска игротека во регионот – KIDS ZONE со 2.500 м², snack food ресторан и простории за роденденски прослави, како и современ хотел со 63 соби и руфтоп ресторан.
„Денес чувствувам голема благодарност и гордост. Она што започна како мал семеен
бизнис пред 42 години, денес прерасна во нешто што не го гледаме само како инвестиција, туку како наш придонес за Струга и регионот. Голема благодарност и до вработените, партнерите, нашето семејство, како и државните институции и локалната
самоупртава. Nabizi Retail Park е наш заеднички успех“, изјави Камбер Бизати, сопственикот на компанијата Nabizi.
„За нас, ова не е само ретејл парк – ова е остварен сон, изграден со многу работа,
истрајност и љубов кон нашиот град. Искрено благодарам на секој кој беше дел од ова
патување – од идеја до реализација. Благодарност до нашите тимови, до локалната
заедница и до сите вас што денес сте тука со нас. Ова е само почеток – и веруваме дека најдоброто допрва доаѓа“, изјави Насуф Бизати, сопственикот на компанијата Nabizi.
Продажните места официјално започнуваат со работа од денеска кога посетителите ќе можат да уживаат во богатата понуда на повеќе од 30 национални и меѓународни брендови.
Во наредните денови се планирани низа активности, попусти и изненадувања за сите
посетители, со цел Набизи да се претвори во омиленото место за целото семејство.
Компанијата Набизи има 42-годишна традиција, започнувајќи уште во 1983 година со
слаткарница, а денес е водечки бренд во малопродажба и големопродажба на производи за градба, ентериер, екстериер, домаќинство и техника. Покрај трговијата, компанијата успешно работи и во градежништво, транспорт и логистика, со постојана ориентација кон иновации, одржливост и инвестирање во човечки ресурси.
Со имплементирани ERP и WMS системи, фотоволтаични централи за зелена енергија и
модерна деловна стратегија, Nabizi бележи континуиран раст и успех.
Струга и целиот регион добија современ трговски и забавен центар со сеопфатна понуда за сите генерации. Набизи ритејл парк – се на едно место!
Комерцијален текст