Утрово најниска температруа од -4 Целзиусови тепени е измерена во Берово и Попова Шапка, -1 во Лазарополе, 0 во Струмица и Mаврови Анови, 1 степен во Kрушево, 3 во Крива Паланка и Претор, по 4 во Тетово, Охрид, Битола, Прилеп, Штип, Виница, Кавадарци, Демир Капија и Гевгелија, 5 во Скопје-Петровец, 6 во Скопје-Зајчев Рид, а најтопло беше во Велес каде беше измерена температура од 7 степени.
Нов влажен бран
Во попладневните часови на одредени места ќе има услови за појава на локален слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Од утре ќе има услови за повремени локални врнежи од дожд. Кон средината на неделата ќе преовладува стабилно и потопло време со пораст на дневната температура. Во четврток ќе дува засилен ветер од јужен правец. Во текот на ноќта кон петок и во петок под влијание на влажен бран на повеќе места се очекуваат врнежи од дожд.

Објавено на
часот





