
Протестите почнаа како реакција на пожарот што избувна на депонијата Вардариште пред повеќе од 10 дена. Пожарот беше изгаснат, ама ставен под контрола, што значи дека нешто и натаму гори, а тоа значи дека и натаму загадува.
И Дрисла не е далеку од овие скопски населби.

Граѓаните велат дека ќе продолжат со секојдневните блокади во 18 часот сè додека градските и државните власти не преземат конкретни и трајни мерки за решавање на деценискиот проблем со Вардариште.






