петок, 3 април 2026

Нов пожар избувна кај беровско Безгашчево

Пожар попладнево избувнал во месноста Безгашчево над селото Русиново, информираа од Територијалната противпожарна единица (ТТПЕ) Берово.

Објавено на

часот

Сподели

Во пожарот, како што јавуваат од ТППЕ Берово, зафатена е дабова и борова шума.

„Пожарот е пријавен во 16 часот, а на терен е присутна противпожарната единица од Берово. Дополнителни информации најавуваме за подоцна“, се вели во информацијата од теренската екипа на ТППЕ Берово.

Беровските пожарникати помош имаат и од жителите на село Русиново, кои доброволно се собираат за да помогнат во справување со пламените јазици.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ