сабота, 13 декември 2025

Нов подметнат пожар во сервис за возила во Пинтија (ВИДЕО)

Рано утрово е запален сервис за возила во објект на поранешна стаклара, кај Каменик, во скопската населба Пинтија. Видео снимката која се појави по социјалните мрежи покажува како е подметнат пожарот. Изгореа речиси сите возила во сервисот.

Објавено на

часот

Сподели

Од Дирекцијата за заштита и спасување велат дека пожарот избил во 4 часот наутро, а во сервисот имало повеќе автомобили, моторно масло и други запаливи предмети. Противпожарната бригада интервенирала со осум возила по што пожарот бил изгаснат утрово пред 6 часот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ