петок, 5 декември 2025

Нов парк во населба Лисиче

Објавено на

часот

Сподели

Ова го соопшти Ивица Коневски, градоначалникот на општината Аеродром, кој денеска заедно со Виктор Камилоски, претседателот на Советот на општината Аеродром, го промовираше новиот проект.

„Граѓаните ќе добијат уште едно прекрасно зелено катче за одмор и рекреација, со што ќе се збогати и ќе се облагороди просторот, со очекување тој да стане ‘магнет’ за масовна посета на граѓаните“, изјави градоначалникот Коневски.

 

Претседателот на Советот на општината Аеродром, Виктор Камилоски, ја поздрави изградбата на паркот и изрази увереност дека овој проект ќе придонесе за прочистување на скопскиот воздух.

Паркот ќе се простира на површина од околу 5 илјади квадратни метри, а ќе содржи песочник со трибини, детско игралиште со модерна урбана опрема, асфалтирано игралиште за кошарка, кое ќе биде оградено со метална мрежа и со поставени реквизити.

Во паркот се предвидува да има и водени површини, поточно ќе се изградат фонтани, водоскоци, како и езерце со мост како продолжение на патеката што ќе минува преку езерцето, соопшти општината Аеродром.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ