Ристески како и Еленчески, пишува порталот, и покрај тоа што му било укажано дека Центарот за социјални работи (ЦСР) во Охрид не е надлежен и не треба да доставува мислење за старателството во случајот на Невена Сапасеска и нејзиниот петгодишен син, сепак изготвил и доставил мислење до надлежниот суд.
„Во ист ден доставил мислење дека малолетното дете треба да му се даде на таткото, но и за да се заштити доставил и извештај дека постапува законски заедно со уште четворица членови, со тоа што го известува судот дека се ненадлежни за предметот“, пишува порталот.
Според информациите на кои се повикува медиумот, Центарот за социјална работа во Скопје, кој е надлежен да даде мислење до судот за старателството на детето, смета дека тоа треба да остане со неговата мајка.
„Центарот во Охрид освен што повторно постапи контра инструкциите од надлежното Министерството, повторно не ја повика мајката и детето на опсервација, пред да се изјаснат за старателството, што беше една од главните забелешки на Врховниот суд и првиот пат кога во извештај поднесен до судот наведуваа само позитивни оценки за капацитетите на таткото, а немаа направено опсервација со мајката. Министерството за социјална работа, демографија и млади во неколку наврати потенцира дека надлежноста да даде мислење кај кого ќе се додели старателството е кај Центарот за социјална работа во Скопје“, се наведува во написот.
Претходно, Врховниот суд во јули годинава ги укина пресудите на Основниот суд Охрид и Апелацискиот суд Битола со кои старателството врз петгодишниот син се доделува на поранешниот сопруг на Невена, таткото на нивниот заеднички петгодишен син.
„Основани се ревизиските наводи за погрешна примена на материјалното право бидејќи судовите не ја зеле во предвид одредбата од член 265 став 3, од Законот за социјална заштита. Имено согласно оваа одредба е предвидено дека за дете чии родители не живеат заедно, а постапкатa за доверување на детето на чување и воспитување кај еден од родителите не е спроведена надлежен е центарот на подрачјето на кое детето се нашло во положба на социјален ризик. Дотолку повеќе што од известувањето од 31. 10.2024 година од Мининстерството се наведува дека ЦСР на Град Скопје е месно надлежен да постапува по предметот за малолетното дете…Овој суд е на мислење дека во услови кога Министерството се произнело по однос на тоа кој центар за социјални работи е месно надлежен да даде мислење за доверување и чување на детето судовите тоа треба да го имаат во предвид, а со оглед дека се работи за надлежен орган кој спроведува контрола и инспекциски надзор над работењето на Центрите на ниво на целата држава“, пишува меѓу другото во дел од образложението на одуката на Врховниот суд.






