вторник, 10 март 2026

Нов директен лет меѓу Охрид и Братислава од 17 март

Отворањето на директната авиолинија е уште еден чекор напред кон зајакнување на контактите меѓу нашите две држави, пред сè во туризмот и во бизнисот. Веруваме дека тоа ќе придонесе за натамошно јакнење на соработката и пријателските односи меѓу Словачка и Македонија, се наведува во објавата на Феjсбук на aмбасадата на Словачка во земјава.

Објавено на

часот

Сподели

Од aмбасадата посочуваат дека директната авиолинија отвора нови можности за туристите од Македонија кои ќе имаат можност да ја посетат Братислава и Словачка, да ги запознаат нејзините историски градови, природата, културата и гастрономијата.

Воедно, се додава во објавата, новата авиолинија ќе им овозможи на посетителите од Словачка да ги откријат убавините на Охрид и неговото уникатно езеро, кое е едно од најзначајните природни и културни богатства во регионот.

Воведувањето на новата авиолинија пред околу два месеци ја најавија министерот за транспорт, Александар Николоски и словачката амбасадорка во земјава, Ивета Хрицова на средба во Скопје. Вицепремиерот Николоски тогаш истакна дека Владата посветува особено внимание на развој на ависобраќајот, а воспоставувањето на оваа авиолинија ќе ги приближи економските врски меѓу двете држави.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ