„Станува збор за вистинските луѓе, со интегритет и длабоки врски со своите заедници, кои ја споделуваат визијата за чесна, транспарентна и праведна локална самоуправа“, се вели во соопштението од Левица.
Кандидатите на Левица се: Гевгелија – Тони Аврамов, професор по македонски јазик; Куманово – Мирослав Петковиќ, актер и м-р по сценско-изведувачки уметности; Македонски Брод – Марјан Ѓурчески, магистер по фармација; Крушево – Зоран Јаневски, дипломиран сообраќаен инженер; Кочани – Жаклина Филипова-Свеќаровска, професор по македонски јазик и литература, член на Советот на Општина Кочани; Илинден – Мартин Маринковски, пензионер и поранешен командир и лидер на тим од Воената академија „Генерал Михајло Апостолски“ ; Пехчево – Невенка Тренчевска, инженер за животна средина; Берово – Мирче Кировски, доктор по ветеринарна медицина; Ранковце – Иван Нешевски, дипломиран едукатор по семејни студии; Старо Нагоричане – Андреј Димитријевски, ветеринарен техничар, сопственик на сточарска фарма.
„Со оваа група кандидати, Левица покажува дека вистинската сила доаѓа од народот – од луѓето кои ја познаваат својата средина, кои се дел од секојдневниот живот на граѓаните и се подготвени да работат чесно и одговорно.
Левица останува доследна на својата борба против корупцијата, непотизмот и расипничкото трошење на јавните пари. Нашите кандидати се луѓе кои ќе ја вратат локалната самоуправа во рацете на граѓаните.
За Левица, општините се темелот на вистинската промена“, порачуваат од партијата.






