„За потсетување, во март годинава, директорката на Националната безбедносна агенција на САД, Тулси Габард, презентираше пред американскиот Сенат дека Иран не гради нуклеарни бомби ниту пак дека иранскиот религиозен лидер дал наредба да се рестартира иранската нуклеарна програма која беше прекината 2003 година. Од друга страна, директорот на Меѓународната нуклеарна атомска агенција, Рафаел Гроси, потврди дека нема доказ дека Иран гради нуклеарно оружје. Со ова се потврдуваат лажните аргументи за нова војна од страна на западните сили предводени од Израел.
Пред Иран да биде нападнат, САД беше во шеста рунда преговори со Иран за својата нуклеарна програма и се имаше осет дека американската дипломатијата ќе обезбеди решение за иранските нуклеарни амбиции имајќи иранска согласност за тоа. Неочекуваниот и непровоциран напад врз Иран е само потврда дека САД не се стабилен меѓународен преговарачки партнер кој не може да спроведе договор. Додатна констатација на досегашното конто на американсата димпломатија која го спроведе бобмаридрањето на Југославија и нелегалното отуѓување на Косово, бомбардирањето на Либија, Сирија и редица други земји. Со ова се потврдува тезата дека надворешната политика на САД е немелнива без разлика дали на нејзино чело ќе дојде претседател од редовите на демократите или пак репубиканците од чии редови е претседателот Трамп“, соопшти Нов АСНОМ.