среда, 11 јуни 2025

Нов АСНОМ: Неопходна е претходна добра анализа за инвестициските проекти

Организацијата Нов АСНОМ смета дека инвестициите во јавното добро се од есенцијална потреба за подобрување на квалитетот на животот на населението, а потоа и за подигнување на економскиот раст на Македонија.  

Објавено на

часот

Сподели

„Принципот на добро владеење налага анализа на што поголем број инвестициски проекти во кои освен останатите елементи, ќе се проценуваат и според ефикасноста на повратот на инвестираниот капитал. За вложување на ограничените капитални инвестиции со кои управува држвата треба да биде избран оној проект кој има најголема ефикасност и носи најбрзо враќање на инвестицијата.

Ваквиот начин на добро економско и финансиско владеење гарантира и најголем економски раст на Македонија. 

Во случајот на проектот ’Градски воз‘ одлуката за финансирање е веќе донесена без комплетирана физибилити студија, ниту пак е направена економска експертиза за исплатливоста на проектот. Неубедливите уверувања и желби на директорот на МЖ Инфраструктура Синиша Ивановски се потврда за ‘исплатливоста‘ на проектот.  

Ваквиот начин на донесување одлуки за инвестиции во инфрастурктурата е индикатор за неколку неповолни состојби во однос на начинот на работата на владата на Република Македонија.

Прво, Владата нема изготвено инвестициски проекти со завршени физибилити студии и оценка за нивната исплатливост. Да имаше, истите ќе ги претставеше и ќе се одлучуваше кои проекти заслужуваат да бидат предмет на капитални инвестиции предвидени со тековниот буџет. Заклучокот е дека недостасуваат предлог инвестициски проекти во време кога владата се промовира како про бизнис влада. 

Ова е уште една потврда за неефикаснаноста и слабата професионална ефикасност на државната администрација која не е кадарна да изработи квалитетни предлог инвестициски проекти. 

Второ, Владата не е способна да ги реализира очекуваните капитални инвестиции. За оваа констатацја ни говори ниското нивно на реализација на инвестициите кои до сега, според Министерството за финансии, изнесуваат 20% иако веќе 40% од годината измина. Заклучокот е дека во услови на слаба реализација на капиталните инвестиции,  владата прибегнува кон недоволно квалитетно изработени проекти за да се прикаже во позитивно светло и да ни покаже дека вредно работи за доброто на сите нас. 

Ова потврдува дека таа ги троши нашите пари за капитални инвестиции неодговорно, а тие носат низок коефициент на враќање на инвестираниот капитал. 

Ваквиот начин на работа на Владата, која себе се претставува како про бизнис влада, во конинуитет води кон слаб економски раст, кој и оваа година, според Светска банка, повторно ќе биде најмал на Балканот.  

Лошото менаџирање на парите на граѓаните што го практикуваше СДСМ сега продолжува и под палката на премиерот Мицковски.  

Тоа го потврдува и слабиот досегашен петгодишен период кој се одликува со најслаб раст на нашата економија во Западен Балкан – периодот  од кога станавме НАТО членка“, се вели во соопштението на Нов АСНОМ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ