среда, 11 февруари 2026

Нов АСНОМ: Ако и М-НАВ падне, ќе имаме целосна племенска поделеност

Нов АСНОМ најостро го осудува теророт кој ДУИ го спроведе во М-НAВ како и владината племенска одлука со кои се постави уште еден војник на ДУИ за директор на оваа институција. Се сомневаме дека новиот директор на М-НАВ, Асани, ќе одолее на притисоците на неговите сопартијци од ДУИ, и ќе ги поништи неодамнешните сомнителни вработувања по племенско-партиска линија водена од ДУИ, се вели во соопштението на организацијата Нов АСНОМ.

Објавено на

часот

Сподели

„Во исто време, му даваме целосна и безрезервна подршка на струковиот Синдикат на контрололите на летање и нивниот претседател Александар Тасевски, во нивната заложба за запазување на професионализмот, меритократијата и меродавноста во М-НАВ. Само со имплементација на меритократијата и висок професионализам, нашата држава ќе тргне напред, никако поинаку.

Свесни сме дека последниот бастион на професионализам и меритоктратија е М-НАВ која е контролирана од Еуроконтрол и ако оваа институција падне на овој испит, тогаш ќе имаме целосна племенска поделеност во сите пори на нашиот државен систем. Ваквиот нефункционален и племенски поставен систем наречен Северна Македонија наликува на општество од 16 век каде националноста, а особено албанската националност е најбитна, за да се добие работа во државната администрација. Свежи се сеќавањата на неодамнешните повици за работен оглас во државната болница каде што еден од критериумите за да се вработи лекар е да се биде Албанец. Ова апсолутно ги влошува меѓуетничките односи и води кон услови на перманентна меѓуетничка недоверба, Албанците од една страна наспроти сите останати граѓани на нашата држава. Ние се залагаме за праведно правно општество каде што секој индивидуалец, независно дали е Македонец, Албанец или припадник на кој било друг етникум, ќе има еднакви можности за нормален економски живот во здрава животна средина и каде што нашите деца и внуци, ќе ја гледаат својата иднина во оваа земја, а не таму некаде во странство далеку од нас“, се вели во соопштението на Нов АСНОМ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ