сабота, 12 јули 2025

Нотарите се жалат на погрешна перцепција дека заработуваат многу и бараат поголеми тарифи

Нотарската комора бара зголемување на дел од нотарските тарифи, кои како што посочуваат не се зголемени повеќе од 25 години.

Објавено на

часот

Сподели

Нотарите велат дека јавноста често има перцепција дека нотарите заработуваат многу, но фактите го покажуваат спротивното – нотарските награди не само што се регулирани со закон, туку се и значително пониски од оние на останатите правни чинители (професии).

Нотарите додаваат дека немаат слобода за договарање и дека нивната награда е фиксна, строго уредена со Нотарска тарифа што ја носи Министерството за правда по добиена согласност од Владата.

„Неминовно е да има измени во дел од нотарската тарифа од причина што зголемени се трошоците. Како Комора сме во корелација со Министерство за правда и Владата, како би можеле да не се оптерети буџетот на граѓаните и да се задржи нотарската професија“, изјави претседателот на Нотарската комора, Методија Ристоски.

На денешниот брифинг со медиуми, како пример, ја посочуваат заверката која чини 100 денари и не е променета 27 години.

Како дел од проблемот, ги посочуваат законските измени со кои се дозволува наместо претходно уреденото на 20 илајди граѓани да има еден нотар, да има најмалку еден нотар, но и законските измени од 2016 со кои се воведува задолжително учество на адвокатите во постапките пред нотар и право на 50% од нотарската награда.

Како пример го посочуваат Куманово каде според последниот попис треба да има 7, а сега има 14 нотари.

Првите нотари во Македонија започнаа со работа во јуни 1998 година, а набрзо беше основана и Нотарската комора. Највисоките органи на Нотарската комора се Собранието, Управен одбор и Претседателот, Основна задача на Комората е да ја штити самостојноста и независноста на нотарите како јавни службеници, во вршењето на јавните овластувања, да ја брани и одбранува честа и угледот на нотарот и нотарската професија воопшто.

Денес нотаријатот во Македонија брои 207 нотари.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ