Сообраќајот на овој патен правец беше затворен поради увидот од страна на полицијата по сообраќајната несреќа што се случи попладнево во 13 часот, во која загина едно лице.
„Во СВР Куманово било пријавено дека на магистрален пат Куманово-Крива Паланка, во населба Карпош, Кумановско, се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно моторно возило и патничко моторно возило „пежо“, управувано од Б.С.(71) од Куманово. Од здобиените повреди, на местото починал Б.С., а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Увидот е во тек“, информираа претходно од кумановската полиција.






