Блокадата на ГП Евзони во периоди од денот трае неколку дена поради штрајк на грчките земјоделци.
АМСМ денеска во пладневниот извештај информираше дека на ГП Ники (Меџитлија) сообраќајот е блокиран само за товарни возила и автобуси, а на ГП Дојран сообраќајот се одвива непречено, но поради зголемен интензитет се очекуваат задржувања за влез во државата.






