Потенцираат дека ремонтните работи и прекинот се од 13 до 17 октомври и како што соопштуваат, претходниве три денови, вклучително со денес четири денови, “факт е дека ЈСП Скопје немале проблем во функционирањето, а се проблематизира само утре кога треба да се стабилизира испораката на природен гас“.
„Поради планирани ремонтни работи на регионалните гасоводни системи во соседството, се соочуваме привремено да има прекин на испораката на природен гас кон Македонија, а ваквите ремонтни активности не се во ингеренции на НОМАГАС АД Скопје од причини што не се вршат на сопствениот гасовод. Имајќи го во предвид наведеното, активно и ажурно се следи состојбата 24 часа на ден и во рамките на расположлилвите можности се превземаат сите неопходни мерки за соодветно да се постапи и да се избегнат негативните страни на прекинот колку што е можно повеќе.Согласно досегашните информации кои ги имаме, ремонтните работи треба да завршат на време и веќе утре на 17 октомври треба да се стабилизира испораката на природен гас. Доколку добиеме известување за евентуални пролонгирања, дополнително ќе ве известиме“, се вели во соопштението од НОМАГАС.
Наведуваат и дека ЈСП Скопје веќе една година, не се нивни директни корисници преку станицата од НОМАГАС која се наоѓа на нивната територија.
„Со оглед на наведеното, доколку постои друга причина за можни отстапувања и евентуални промени во возниот ред од ЈСП Скопје не е коректно да се посочува на НОМАГАС АД Скопје за сензитивна тема како што е градскиот превоз во Градот Скопје“, се вели во соопштението.
ЈСП Скопје на својата веб страница претходно денеска објави дека се можни отсапувања од возниот ред, како што наведе, согласно добиената информација од НОМАГАС, дека ќе има прекин на испораката на природен гас кон Македонија до утре.
„Доколку бидеме информирани за евентуални промени околу времетраење на прекинот, навремено ќе бидете известени“, се вели во информацијата.






