понеделник, 15 декември 2025

Ноќва ќе помине со 4 активни пожари

Активни се четири пожари на отворен простор заклучно со 21 часот, од вкупно 21 во текот на денешниот ден, информира вечерва Центарот за управување со кризи (ЦУК). Изгаснати се 10, а под контрола се седум пожари на отворено.

Објавено на

часот

Сподели

ЦУК соопшти дека се активни пожарите во Општина Василево, Радовиш и Берово – с. Нивичино, на планината Голем Готен и Малешевските планини каде гори нискостеблеста шума, смрека, грмушки и ниска вегетација, во Општина Прилеп кај с. Бешиште, местoто викано Бешишки Рид, другиот крак према с. Градешница гори мешана шума, во Општина Македонски Брод 4 кај с. Црешнево гори ниска вегетација и во Општина Штип кај с. Драгоево и с. Селце каде горат нискостеблеста шума, прнар и сува трева.

Под контрола се ставени пожарите во Општина Прилеп помеѓу с. Царевиќ и с. Смолани, местото Радобилски Рид каде гореа мешана шума и нискостеблеста вегетација; во Општина Желино помеѓу с. Церово и с. Групчин гореше нискостеблеста и деградирана шума; четири пожари во Општина Македонски Брод – кај с. Латово, м.в. Маркова Стапалка гореше грмушки и сува трева, помеѓу с. Локвица и с. Крапа гореа деградирана дабова шума, грмушки и ниска вегетација, кај с. Грешница гореше мешана шума и сува трева, кај с. Латово гореше мешана шума; и во Општина Ресен кај с. Долно Перово гореше трска и ниска вегетација.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ