„Двата пожара, и тој во Беровско и овој во Делчевско се тешки пожари. Меѓу другото зафатена е и борова шума. Ноќно време гаснењето е отежнато и ризично, и претежно се оди на сопирање на некој пат или чистина. На терен се повеќе екипи. Во пожарот во Голак нема повредени. На терен има припадници на различни централни и локални институции. Во утринските часови ќе дејствуваат хеликоптери, а можеби и ер –трактори“, вели директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов.
Ноќеска избија два пожара – во Делчевско и во Беровско
Доцна синоќа во подножјето на Голак од делчевската страна изби шумски пожар..Според информации од ДЗС, се работи за голем шумски пожар на падините на планината Голак во близина на гробоштата во Дечлево. Пожар избил и во Беровско.

Објавено на
часот





