Според денешните мерења регистрирано е покачено ниво на повеќе реки во земјава. Зголемување има кај реката Вардар кај Јегуновце, Скопје, Велес и Демир Капија. Пораст е забележан и кај реката Треска кај Македонски Брод, Пчиња кај Катлановска Бања, Црна Река кај Новаци, Црн Дрим кај Ложани и Сатеска кај Ботун.
Сепак, не сите водотеци бележат раст. Нивото на Брегалница кај Берово и Пчиња кај Пелинце останува под просечните декемвриски вредности.






