сабота, 20 декември 2025

Нивото на водата во хидроакумулациите во струмичко се доближува до минимумот

Во струмичко нема дожд од почетокот на август и сушниот период скоро до минимум ги испразни хидроакумулациите. Во најголемата акумулација-Турија, засега има собрано околу 11,5 милиони кубни метри вода од вкупно 50 милиони, а минимумот е 10 милионин кубни метри.

Објавено на

часот

Сподели

Од АД „Водостопанство на Македонија“-Подружница “Струмичко Поле“ Струмица, количините од оваа акумулација засега се доволни еднаш неделно да се наводнуваат површините и општините Струмица и Василево да имаат доволно вода за пиење.

„Се надеваме дека по толкав супшен период и нашиот регион ќе биде зафатен од врнежите кои се најавуваат на крајот од оваа недела. Доколку продолжи сушниот период, тогаш ќе се доведеме во ситуација максимално анагажирано да управуваме со количините води кои ќе се акумулираат во акумулациите“, изјави за МИА, Костадин Стојанов, раководител на Подружницата „Струмичко поле“ при АД „Водостопанство на Македонија“.

Според него, во втората по големина акумулација, Водоча, се измерени осум милиони кубни метри вода од вкупно 27.

Инаку, од акумулацијата „Турија“ градот Струмица и повеќе населени места трошат меѓу пет и шест милиони кубни метри вода за пиење годишно.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ