Нормализирањето на водостојот секако е последица на обилните врнежи што го зафатија регионот изминатите денови. За споредба, пред само десет дена нивото на водата во езерото беше десет сантиметри под месечниот просек.
Температурата на водата денеска изнесува 13 степени Целзиусови или речиси идентично на просекот за ноември што изнесува 12,9 степени.






