„Оставка сѐ уште нема, а нема ни предлог за гувернер. Немаме никаква нова информација за пратенички групи“, рече Гаши на денешната средба со новинарите.
Сега за сега, како што кажа, нема ни нов координатор од Вреди.
„На последната координација немаше никој од Вреди. На координација ги викаме координаторите додека тие официјално се координатори. Кога ќе имаме нова состојба ќе го поканиме оној којшто ќе биде координатор“, појасни Гаши.
Министерот за здравство и лидер на едното крило на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари синоќа во изјава за МИА рече дека тој ќе поднесе оставка од функцијата, а за останатите функционери од оваа партија очекува да бидат разрешени.
Премиерот Христијан Мицкоски, пак, вчера, одговарајќи на новинарски прашања рече дека во периодот што следи ќе бидат номинирани нови имиња на местото на оние што и припаѓаа на Алијанса за Албанците.