Градоначалникот дојде во спортско дождливо издание па кога се вмеша на протестот не беше веднаш препознаен. Тој замина кон Вардариште со полициска придружба, а полициско возило ги предводеше и трите автомобили во кои беа претставници на граѓаните.

За тоа што е видено на Вардариште и што е кажано од страна на градоначалникот и други надлежни лица во однос на депонијата, иницијативата Стоп за Вардариште ќе информира вечер за време на блокадата на истата крстоносница со почеток во 18 часот.
Полицијата која секој ден многу коректно и културно ги обезбедува протестите, во еден момент можеби направи пропуст, па преку мостот се појавија бројни автомобили и камиони.

По бурните реакции на протестантите полицијата возилата ги пренасочи да се вратат назад преку мостот, па кон Гази Баба и успеа да оневозможи конфликтни ситуации.

Блокадата продолжува вообичаено во 18 часот на истата крстоносница како и досега, а во исто време блокада ќе има и на крстосницата кај железничкиот премин во Маџари на улицата Перо Наков.
П.Џ.






