недела, 21 декември 2025

Ништо од најавеното подмладување на ДУИ

Најавеното подмладување и промена на партиското раководство со кадри „без багаж“ не се случи на вчерашниот конгрес на ДУИ.

Објавено на

часот

Сподели

Наместо четворица, партијата сега има петмина потпретседатели. Нови потпретседатели се  поранешната пратеничка Арта Биљали Зендели и градоначалникот на Липково Еркан Арифи, кој е меѓу ретките кои победи на локалните избори.

Арбр Адеми од потпретседател сега е нов генерален секретар, а досегашниот генерален секретар Фатон Ахмети стана потпретседател на ДУИ. Бујар Османи останува потпретседател иако ги изгуби изборите во Чаир. И пратеничката Арбана Пашоли остана потпретседателка на ДУИ.

Неби Реџепи, поранешен државен секретар во Министерството за екологија, е нов организациски секретар на местото на Блерим Беџети, кој веќе не е член на Централното претседателство. Арбеша Влаши е секретар за еднакви можности.

Во Генералниот совет веќе не се членови Теута Арифи, Талат Џафери, Блерим Беџети, Фатмир Дехари, Беким Незири, Џеват Адеми, Ејуп Рустеми. Муса Џафери и Садула Дураку не се членови на Надзорниот совет на партијата.

Бајрам Реџепи, кандидатот на ДУИ кој не стана градоначалник на Тетово, остана во Централното претседателство каде се и поранешниот министер за образование Јетон Шаќири и пратеникот Илир Хасани. Во ЦП е Шкодране Дардишта.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ