четврток, 11 декември 2025

Николоски: За Струмица имаме 14 големи проекти и поврзување на коридорот 10 со коридорот Струма во Бугарија

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, денеска е во работна посета на општина Струмица каде што присуствува на свечената седница на Општината по повод Денот на заштитниците на Струмица – Светите петнаесет Тивериополски свештеномаченици.

Објавено на

часот

Сподели

При средбата со градоначалникот тој истакна дека ЈП за државни патишта веќе го заврши проектот за една траса за експресниот пат кој ги поврзува коридор 10 и коридор Струма во Бугарија, односно делот од Смоквица преку Валандово, Струмица, Ново Село и границата со Бугарија.

Министерот исто така кажа дека 14 инфраструктурни проекти се предвидени за општина Струмица со подршка на Владата, а најави и нови проекти за општината.

„Би сакал да го честитам овој голем празник, Денот на градот Струмица, да посакам многу здравје, среќа, бериќет, успех.  Би сакал да спомнам дека по завршување на локалните избори во интензивна соработка сме со градоначалникот и новата општинска администрација, веќе бројни работи се придвижуваат. Најголемата, и она што го ветивме, е поврзување на коридор 10 со коридор Струма во соседна Бугарија, односно изградбата на експресниот пат кој што оди од Смоквица преку Валандово, Струмица, Ново Село и границата со Бугарија. Проектот за едната траса ЈПДП веќе го заврши, а за втората траса е во напредна фаза и сериозно работиме на изнаоѓање на финансирање“, изјави Николоски.

Посочи дека се работи на две поголеми улици, има уште десет којшто се во постапка за избор на изведувач и уште два проекта коишто се преку Министерството за животна средина.

„Има 14 големи проекти за старт на оваа локална самоуправа што мислам дека е нешто што Струмица подолго време го нема и ќе продолжи поддршката на Владата, мојата лична поддршка и на премиерот да работиме на нови проекти во периодот којшто следи. Ние со градоначалникот сме во комуникација, ќе имаме посериозен работен состанок и ќе утврдиме приортети за пеиродот што доаѓа“, изјави вицепремиерот Александар Николоски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ