„Честит 9 Април – Денот на железничарите на Македонија. 152 години од постоењето на Железницата во Македонија и сè уште создаваме историја“, напиша Николоски на фејсбук.
Заеднички и одговорно, како што наведува, ќе го „вратиме сјајот и духот на македонските железници и ќе изградиме современ систем на модерна и европска железница“.