понеделник, 8 декември 2025

Николовски: Срамен и скандалозен „одговор“ на Трипуновски за скандалот со ИПАРД средствата

Пратеникот на СДСМ и поранешен министер, Љупчо Николовски, реагира на „срамниот одговор на министерот Трипуновски за скандалот со суспензијата на ИПАРД средствата, кој воопшто и не содржи никакви информации ниту пак одговори“.

Објавено на

часот

Сподели

„Срамен и скандалозен ‘одговор’ добив од Министерството и министерот во заминување на моите официјални барања. Барања во кои побарав јасно и конкретно: причините за суспензијата на ИПАРД, времетраењето на блокадата, бројот на загрозени корисници, последиците за земјоделците и планираните чекори за надминување на кризата.

Наместо одговор на овие пет клучни точки, добив документ кој воопшто не одговара на ниту едно прашање. Нема факти, нема рокови, нема план.  Собранието е понижено со ваков однос од министер кој и понатаму молчи, бега од пратенички прашања и одбегнува какво било соочување.

А додека тој бега, земјоделците остануваат со блокирани исплати, блокирани проекти и замрзнати 130 милиони евра, без ниту една информација кога и дали проблемот ќе биде решен.

Како претседател на Комисијата ќе продолжам да барам вистински одговори, затоа што институциите не смеат да молчат, а земјоделците не смеат да бидат оставени сами“, вели Николовски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ