недела, 13 април 2025

Николов: Пет земји нудат долгорочно лекување на пациентите од пожарот во Кочани

Се утврдуваат потреби за долгорочно лекување на повредените во надворешни центри во втора фаза, информираше денеска, доктор Игор Николов, контакт – лице за состојбата на пациентите од пожарот во дискотеката во Кочани што се лекуваат во странство.

Фото: Архива

Објавено на

часот

Сподели

Тој потврди дека има понуди од земји за долгорочна рехабилитација на пациентите.

„Во моментов, на Пластична хирургија е само пациентка вратена од Унгарија. Тројца пациенти се отидени на домашно лекување, со препорака за редовни контроли. Во Свети Наум Охридски има шестмина пациенти. Сите се стабилни, се очекува испис утре. На Токсикологија има двајца пациенти. И двајцата се стабилни. Во ГОБ 8 Септември нема пациенти во моментов“, појасни Николов во изјава за МИА.

Пожарот во дискотеката Пулс во Кочани избувна рано утрото на 16 март. Шеесет лица го изгубија животот во оваа трагедија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ