Николоски оценува дека Ѓорѓиевски ќе победи и ќе биде одличен градоначалник.
„Градски воз, трамвај и електрични еколошки автобуси. За решавање на сообраќајот и намалување на загадувањето. Ова се три крупни проекти, историски би рекол, кои координирани од премиерот Христијан Мицкоски и во соработка со новиот градоначалник на Скопје Орце Ѓорѓиевски ќе ги реализираме. Со Орце се знаеме со децении. Беше и шеф на кампања во Изборната Единица 4 во 2020 година кога ја имав честа да сум носител. Орце е цврст карактер и голем борец. Ќе победи и ќе биде одличен градоначалник“, напиша Николоски на Фејсбук.
На седница на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ денеска е донесена одлука Орце Ѓорѓиевски да биде кандидат за градоначалник на Скопје на ВМРО-ДПМНЕ.






