„Премиерот Христијан Мицкоски објави одлични вести за македонската економија – во месеците април, мај и јуни бруто домашниот производ порасна за 3,4% . Особено ми е драго што секторите градежништвото, транспорт и складирање силно растат! Тие се двигатели на македонската економија! Во вториот квартал секторот градежништво порасна за 7,3%, уште посилен раст од тој во првиот квартал од 7,1%, додека секторот транспорт и складирање порасна за 6%“, пишува тој на својот Фејсбук профил.
Николоски е уверен дека растот во третиот квартал ќе биде уште посилен.
„Со засилената активност во делот на изградба на патишта, инвестиции во железници и проекти од локално значење, растот во третиот квартал ќе биде уште посилен, благодарение на вредните работници кои работат во секакви временски услови и јасните политики и стратегија на Владата и Министерството за транспорт“, истакнува вицепремиерот Николоски.






