Како што информира Министерството за транспорт, тој нагласува дека како Влада почнале сериозна политика на привлекување нови авиолинии и авиокомпании имајќи предвид дека Македонија нема излез на море и аеродромите се наш единствен излез и тука да доаѓаат повеќе туристи и повеќе луѓе за бизнис и можност македонските граѓани да патуваат.
„Она на што е гордеам е дека од изборот на Владата до денес имаме нови 23 директни летови, односно авиолинии, последни се овие кон Алгеро – Сардинија и Палермо – Сицилија. Она што ми е драго е што на двата аеродорма, охридскиот и скопскиот, поминаа 3,5 милиони патници. Ако видите дека Македонија има 1,8 милион жители, тогаш јасно е дека далеку е над бројот на населението што го имаме и ако некои спинуваа, оваа година скопскиот аеродром ќе биде лидер со раст во регионот на поранешна Југославија, што е гордост, имајќи предвид дека и Загреб, и Сараево, и Белград се поголеми градови од Скопје, што е додадена вредност“, вели вицепремиерот Николоски.
Тој додава дека се почнати директни разговори со Саудиска Арабија за воспоставување воздушен сообраќај меѓу двете земји, што дополнително ќе се прошири мрежата на летови за Македонија.
„Очекувам и од таму да објавиме директни летови до скопскиот и од охридскиот аеродром и ќе продолжиме со оваа политика на стимулирање авиолинии. Очекувам оваа година да поминеме 4 милиони патници, што ќе е апсолутен рекорд“, истакнува вицепремиерот Николоски.






