петок, 30 јануари 2026

Николоски: Во вторник во Брисел ќе се понудат најдобрите решенија за транспортерите

Објавено на

часот

Сподели

„Се работи за документ од 19 страни, којшто целосно ги опфаќа новите правила на Шенген зоната и таму има еден клучен збор, баш во овој дел којшто го издвоив на мојата објава, каде што возачите на камиони односно транспортерите се прифаќаат како професионалци, со останатите категории коишто се наведени тука, како спортисти, уметнции…што е првпат да ЕУ на тој начин го реши проблемот. Во суштина тоа беше и еден од начините да се излезе од проблемот, затоа што транспортерите кога ги почнаа протестите бараа да се почне дијалог со кој ќе се реши проблемот. Се понудија три решенија и ова е едно од трите решенија“, рече Николоски.

Тој додаде дека во вторник ќе се одржи состанок кој, како што вели, една година не беше закажуван, а првично бил договорен за 6 февруари, но вчера терминот бил поместен за во вторник.

„Сакам да им честитам на сите оние храбри луѓе кои излегоа на протестите овие денови, кои покажаа дека проблемот е навистина сериозен. Да честитам на одлучноста, на храброста. Јас ја имав честа и да ги посетам и да ги поддржам. Излегов заедно со нив, и мислам дека покажаа дека навистина е голем проблемот и дека мора сериозно да му се пристапи, и тоа што беа единствени и истрајни никој не успеа да ги скрши, даде резултат“, вели Николоски.

Тој истакна дека самиот дал целосна поддршка, но дадоа и премиерот, и Владата, со цел решавање на проблемот. Николоски истакна дека процесот се води во целосна координација со превозниците.

„Денеска имав средба со претседателката и потпретседателката на најголемото здружение на превозници, на Макамтранс, се договоривме во вторник, по завршувањето на состанокот со Брисел, повторно да се сретнеме и заеднички да ги разгледаме предлозите кои што ќе дојдат од таму, и мојот одговор ќе го работам заедно со нив, односно во координација со нив“, истакна Николоски.

„Сакам да понудам најдобри можни решенија што ќе одговараат на нашите транспортери. Тие се едни од основните двигатели на македонската економија, цели градови во Македонија живеат од транспортот. Мора да даваме целосна поддршка на овој сектор“, рече Николоски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ