„Николоски ќе зборува на тема ‘Коридори за одржливо поврзување’, каде што ќе се стави акцент на стратешките паневропски коридори во Македонија како и инфраструктурните проекти што ги реализира Владата, со силен акцент на актуелната изградба на автопатски делници, како и планирата изградба на брза пруга на коридорот 10 и железничкото поврзување со Бугарија на коридорот 8“, најави Министерството за транспорт.
За време на настанот предвидени се и бројни средби со менаџментот на Светска банка, каде што е планирано да се зборува за тековните и идни проекти што ги реализира Владата и Министерството за транспорт во партнерство со СБ.
„Николоски ќе ја искористи посетата на САД и за средби со високи претставници во Стејт департментот, каде што ќе разговара за партнерството и економската соработка помеѓу Македонија и САД како стратешки партнер на државата. За време на посетата, Николоски ќе има и средби со претставници на Републиканската партија“, се вели во соопштението.






