петок, 2 јануари 2026

Николоски: Во градежништвото имаме раст од 21 %, а имаме и големи планови со Македонски пошти

Годината беше успешна,ако видиме дека економијата расте. Градежништвото порасна за 21 процент и што е важно успеавме да ги одбраниме националните интереси, вели вицепрмиерот и министер за транспорт Александар Николоски во интервју за ТВ Алфа.

Објавено на

часот

Сподели

„Мислам дека ова беше успешна година. Владата реализираше најголем дел од програмата, она што го ветивме кон граѓаните и параметрите тоа го покажуваат. Во третиот квартал имаме раст на економија во 3,8 проценти, што е далеку повисоко од годините наназад. Градежништвото, она што е дел од секторот кој јас го водам порасна за 21 процент, што е историски највисок во државата. Градежништвото никогаш не било толку високо. Така што, тоа е едниот сегмент којшто е во реализација на програмата. Во делот на политиките, мислам дека опстанавме на нашите цврсти заложби што ги ветуваме на минатогодишните избори, а тоа е цврста одбрана на националните интереси, така што мислам дека се ова двата сегменти коишто се најзначајни“, вели Николоски.

Ja консолидиравме Македонскa поштa, државна компанија каде вработените молеа да земат плата со претходната Влада. Сега не само што успеавме да не испуштиме од работа вработени, туку платите и сите законски права на вработените се исплаќаат редовно, истакна во интервјуто Николоски, кој најави и осовременување на Македонски пошти со 100 нови возила.

Како што соопшти министерот за транспорт, Николоски, „некоректно е приватните пошти да го земаат целиот пазар, а Пошта да го носи товарот“.

„Кога ќе ги видите приходите, со 75 проценти од пазарот Пошта има приход од некаде 11 милиони евра, додека приватните пошти со 25 проценти од пазарот, имаат некаде 18 милиони евра. Тоа мора да го корегираме, ќе донираме 100 комби возила, од кои 90 помали и 10 поголеми. Понатаму тука е нов софтвер, со што се обидуваме пошта да ја ставиме во една добра позиција и со законски измени ќе помогнеме компанијата дополнително да расте“, вели Николоски.

Тој најави реструктуирање на државните пошти, план кој ќе се реализира во периодот што следи.

„Претходната Влада на СДСМ сакаше да ја продаде и на таков начин да го реши проблемот. Знаете дека двајца генерални секретари се или под истрага, или се осудени, за тоа што го правеле поврзано со пошта. Јас и тогаш кажав, дека додека сум министер нема да се испуштаат луѓе од работа и никој не е испуштен од работа, иако имаше барања и од ЕУ за нешто такво. Јас реков дека ќе стигнеме до рационализација и намалување на трошоците, но преку подобрување на работењето и зголемување на профитабилноста“, рече вицепремиерот Николоски.

 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ