Разговорот, како што се посочува, бил насочен кон инвестиционата политика на Владата, со посебен акцент на планираните инфраструктурни проекти, како и на можностите за унапредување на соработката во транспортниот сектор
Вицепремиерот Николоски истакнал дека Турција е значаен трговски партнер на Македонија, со потенцијал за зголемување на надворешно трговската размена и со значаен број на турски инвестиции во земјава. Во таа насока потенцирал дека Владата во континуитет работи на унапредување на условите за инвестирање во земјата.
На средбата се разговарало и за актуелните состојби во односите меѓу двете земји, цврстите меѓудржавни врски и добрата соработка.
Вицепремиерот Николоски изразил благодарност за досегашната поддршка што ја овозможува Турција и ја нагласил потребата од интензивирање на меѓусебната соработка во дејностите од заеднички интерес за двете земји.






